Минимален пораз на У15 репрезентацијата

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 0:1 од Украина на натпреварот од 3. коло од Развојниот турнир одржан во Струмица.

Дефанзивецот на Украина, Данил Росул во 20. минута го постигна голот за победа на гостинската селекција. На денешната пресметка против Украина, нашата селекција пропушти две одлични прилики за позитивен резултат.

Хари Папиќ во 11. минута и Муадини во 71. минута ги имаа најдобрите шанси за гол. Папиќ со глава шутираше над голот од одлична позиција, а ударот под пречка на Муадини, го одбрани голманот на Украина.

На претходните два натпревари од турнирот кој го организиравме во Струмица, нашата репрезентација предводена од селекторот Горан Георгиевски ја совладаа Естонија со 1:0 и одиграа 2:2 против Босна и Херцеговина.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 0:1 (0:1)

Стадион: Тренинг центар „Горан Пандев“, Струмица

Стрелец: 0:1 Данил Росул 20`

МАКЕДОНИЈА до 15 години: Давор Грабуловски, Артан Рамадани (57` К. Арсовски), Стефан Петковски (85` А. Вукељ), Максим Мечкаровски (46` Л. Ристов), Марко Мартиновски (68` О. Елези), Габриел Фударски Митев (68` Н. Јовановиќ), Стефан Шилковски, Стефан Дрндаровски (46` А. Бафтијари), Хари Папиќ (68` В. Грданоски), Џемал Алили (57` А. Симоновски), Аник Исуфи (46` Л. Факиќ);

Се вчитува...