„Минималец“ на Јуве на стартот на новата сезона во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус стигнаа до минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Фросиноне во првиот натпревар за двата тима во новата сезона во италијанската Серија А.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Бремер во 22. минута. До крајот мируваа мрежите, па погодокот на Бремер се покажа како доволен за воведни три бода на избраниците на Лучијано Спалети во новата сезона од Калчолигата.

Во вториот меч од програмата од 18.30 часот Лече славеше на гостувањето кај Венеција со 0-2.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...