После историскиот успех и пласманот на престижниот Вимблдон, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа беше пречекена од министерот за спорт, Борко Ристовски.
Лина испиша историја како прва тенисерка што настапи во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир. Таму загуби од Анисимова, но нејзиното име ќе биде запишано со златни букви во историјата на тенисот во Македонија.
„Со голема чест и гордост денеска ја пречекав нашата тениска хероина Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на Вимблдон. Лина испиша историја како прва македонска тенисерка што настапи на главната фаза на најпрестижниот светски тениски турнир. Тоа не е само личен успех – тоа е успех на цела Македонија. Со својата упорност, дисциплина и пожртвуваност, Лина покажа дека и македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот. Како Министерство за спорт, ќе продолжиме силно да ги поддржуваме сите наши спортисти кои со својата работа, талент и резултати достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. Особено ќе се залагаме за создавање подобри услови за развој на индивидуалните спортови и за новите генерации млади шампиони“, напиша Борко Ристовски на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
