Министерот за спорт Борко Ристовски од 23 до 27 септември ќе престојува во официјална посета на Азербејџан, каде што ќе оствари билатерална средба со министерот за млади и спорт на оваа земја, Фарид Гајибов.
Централен настан на посетата ќе биде потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу двете министерства, со кој се отвора нова рамка за соработка во спортот, размена на експертиза и спортски кадри, спортска медицина, организација на спортски настани, спортски туризам и соработка меѓу националните спортски организации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
