Министерот за спорт на Италија со жестоки критики на сметка на Роналдо – Тој е еден обичен, размазен лажго!

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора жестоко го нападна Кристијано Роналдо кој иако заразен со коронавирус пристигна во Италија. Тој беше во самоизолација во Португалија, но одлучи, иако позитивен да ја напушти татковината и да се врати во Италија.

„Факт е дека на познатите и фантастични фудбалери не им се дава за право да се однесуваат размазено, да не ги почитуваат институциите на една земја и да лажат. Баш напротив тие треба да се однесуваат далеку поодговорно и така да служат како пример за другите. На сите им посакувам брзо опоравување, но добро знаат некои фудбалери на Јувентус што мислам за нив“, изјави Спадафора. 

Роналдо во изолација според донесените одлуки од СЗО ќе мора да биде до 20. октомври.

Се вчитува...