Министерството за спорт со награда од 5 милиони денари за големиот успех на РК Алкалоид

Министерството за спорт на Македонија донесе одлука за доделување на награда од 5 милиони денари за РК Алкалоид.

Оваа одлука е донесена поради историската сезона на клубот од Автокоманда во ЕХФ купот, каде е на чекор до освојување на трофејот, откако по првиот меч одигран во Атина има четири голови предност (25-29).

„Награда за РК Алкалоид за пласман во финалето на ЕХФ купот и достојно претставување на Македонија надвор од нашите граници“, напиша министерот за спорт, Борко Ристовски. 

Реваншот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за в недела со почеток во 20.30 часот.

Се вчитува...