Минута молчење, лични постигнувања посветени на Коби, тажни НБА натпревари (ВИДЕО)

Тажната вест за смртта на Коби Брајант затекна голем дел од НБА клубовите пред почеток на натпреварите. Очекувано сите средби почнаа со минута молчење, на сите натпревари, во воведните напади на екипите играчите не ги искористија 24-те секунди во знак на почит кон Брајант. Во Медисон Сквер Гарден, Њујорк Никс се збогуваа со легендата и со неговата ќерка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На отворањето на програмата, Денвер го совлада Хјустон со 117-110, Никола Јокиќ со трипл-дабли го предводеше тимот до триумфот. Постигна 24 поени, имаше и 12 скока и 11 асистенции. Каваи Ленард со  31 поен беше лидер на Лос Анџелес Клиперс во успехот од 112-97 против Орландо. Атланта предовдена од младиот Тре Јанг кој постигна 45 поени забележа триумф над Вашингтон од 152-133. Со неверојатни 50 поени на Демијан Лилард, Портланд славеше со 139-129 над  Индијана, во соседското дерби Њујорк го побоеди Бруклин со 110-97, Мемфис беше подобар од Феникс со 114-109.

Се вчитува...