Миовски даде два гола, но не е задоволен: Требаше да биде хет-трик, морам подобро…

Бојан Миовски продолжува со одличните игри во дресот на Абердин, откако македонскиот репрезентативец постигна два погодоци во триумфот над Килмарнок.

Миовски со седум гола е втор стрелец во шкотската Премиер-лига сезонава, но нашиот голгетер и покрај одличните настапи сепак не е максимално задоволен, пред се од последниот дуел со Килмарнок.

„Секако дека сум среќен што постигнав седум гола досега, тоа е доказ не само за мојата добра форма, туку за офанзивната игра на целиот тим. Сепак, што се однесува до дуелот со Килмарнок, не сум најзадоволен. Дадов два гола, но требаше да биде хет-трик, бидејќи имав уште неколку одлични шанси за гол. Искрено посакував хет-трик, но тренерот реши да ме повлече бидејќи не тренирав многу со тимот за време на паузата поради обврските кон македонската репрезентација. Уште кога дојдов знаев дека ќе постигнувам многу голови бидејќи ми најавија дека Абердин ќе игра офанзивен фудбал. Добриот старт само ми ја крева самодовербата пред предизвиците што ќе следат“, изјави Миовски.

Се вчитува...