Миовски е на излезна врата од Глазгов Ренџерс?!

Бојан Миовски најверојатно ќе ги промени клупските бои пред самиот крај на овој преоден рок, најавуваат шкотските медиуми повикувајќи се на извори од раководството на Глазгов Ренџерс.

Македонецот пристигна минатото лето од редовите на Џирона, не доби преголема минутажа минатата сезона, а ситуацијата дополнително се влоши со доаѓањето на новиот тренер Мекинес. Иако станува збор за стратег што претпочита тактика со двајца напаѓачи, Мекинес целосно го игнорираше Миовски, дури и во ситуација кога стандардниот Шермити заработи тешка повреда на коленото.

Македонскиот ас досега одигра само 15 минути севкупно на официјалните натпревари, а за ситуацијата да е уште полоша за Бојан, Глазгов Ренџерс договори мегатрансфер на Кевин Келси (венецуелски класичен напаѓач од редовите на Портланд) за рекордни 9,5 милиони фунти.

Покрај Келси, шкотскиот гигант ги финишира и преговорите за ангажман на Ибрахима Балде, напаѓач на францускиот второлигаш Родез чие доаѓање исто така е најавено за викендов.

Повеќе од јасно е дека Миовски нема да добие шанса каква што заслужува и ќе биде продаден од Глазгов Ренџерс, па останува да се види следната дестинација на нашиот голгетер.

Се вчитува...