Миовски и Дјук се најдобриот напаѓачки тандем во последните 30 години на Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлична сезона во дресот на шкотски Абердин, максимално оправдувајќи ја довербата по трансферот од МТК Будимпешта мнатото лето.

Миовски заедно со својот партнер од нападот, Дјук од Зеленортските острови заедно сезонава учествувале во 40 погодоци на Абердин во сите натпреварувања.

Како што издвојуваат шкотските медиуми, Абердин немал таков тандем цели 30 години. Последма таква двојка која во сезона заедно имала учество со голови и асистенции во над 40 погодоци на тимот се Данкан Ширер и Скут Бут кои заедно постигнале над 40 голови во сезоната 1992/1993.

Само со голови Миовски и Абердин имаат ефект од 34 гола, но сигурно до крајот се очекува да имаат над 40 голови. Македонскиот репрезентативец сезонава има досега 17 голови, 15 во првенството и два во купот, а има и три асистенции, додека Дјук е со сосема ист гол-ефект и плус со четири асистенции.

Се вчитува...