Миовски им вети на навивачите на Абердин: Не заминувам!

Бојан Миовски нема намера да го напушти „Островот“ и шкотското првенство да го замени со некое од европските, открива во интервју за „Рекорд спорт“.

На крилја на Македонецот и неговите 11 гола на 15 натпревари Абердин е на третото место на табелата зад гигантите Селтик и Ренџерс и е на добар пат да се избори за настап во европските натпреварувања, а одличната форма на 23-годишниот голгетер го примами интересот од француски Рен.

Сепак македонскиот интернационалец е задоволен од статусот во клубот и ветува дека ќе го испочитува договорот кој е со важност до 2026 година.

„Дефинитивно ја завршувам сезоната со Абердин. Целосно сум фокусиран на вториот дел од сезоната. Потпишав долг четири годишен договор и во моментот не размислувам за заминување. Горд сум што можам да кажам дека играм за еден од најголемите клубови во Шкотска“, вели Миовски.

Се вчитува...