Бојан Миовски по само една година ќе мора да го напушти Глазгов Ренџерс откако стана јасно дека новиот тренер Мекинес не смета сериозно на услугите на македонскиот репрезентативец.
Нашиот голгетер одигра само два меча од стартот на сезонава, на двата влезе во игра во доцните фази од натпреварите, а фактот дека за последниот дуел со Абердин не беше ниту на клупата за резерви јасно говори колку е блиску Македонецот до излезната врата од клубот.
Последните информации говорат дека Миовски има на маса понуда од Турција. Повратникот во елитното друштво Генчлербирлиги сака да доведе квалитетен напаѓач пред крајот на преодниот рок и веќе го контактирала и Миовски и шкотскиот гигант, испраќајќи официјална понуда за Македонецот.
Останува да се види дали Миовски во наредните денови ќе го облече дресот на Генчлербирлиги или можеби ќе се реши за поинаква дестинација во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
