Миовски: Нови играчи, нова формација… се воигруваме

Бојан Миовски ја имаше најубавата шанса за Македонија вечерва на „Кошево“, нашиот голгетер успеа да го измами и босанскиот голман, но топката да не заврши во мрежата спречи босанскиот дефанзивец Радељиќ со интервенција пред самата гол-линија.

Миовски по натпреварот истакна дека е задоволен од играта, потенцирајќи дека дуели со ривали од ваков калибар се добредојдени во пресрет на новите предизвици што ќе го очекуваат нашиот национален тим од септември…

„Во првите 45 минути се играше тврд натпревар, и тие имаа свои шанси, ние исто така, за жал не ги искористивме… Сепак, се воигруваме, имаме многу нови играчи, нова формација… Мислам дека овие натпревари, особено со вакви противници како БиХ се одлични за тоа што ни следува во иднина“, истакна Миовски.

Се вчитува...