Миовски од трибините со поддршка за Реал Мадрид (ФОТО)

Напаѓачот на фудбалската селекција на Македонија и Абердин, Бојан Миовски синоќа најде време да го искористи гостувањето на Реал Мадрид кај Селтик во Лигата на шампионите и да даде поддршка на Реал во рамки на мечот од првото коло.

Најдобриот голгетер на шкотското првенство беше фотографиран во гостинскиот сектор каде што беа сместени фановите на „кралевите“.

Штипјанецот од стартот на сезоната даде шест погодоци за шкотскиот клуб и веднаш стана миленик на навивачите.

 

Се вчитува...