Фудбалската репрезентанција на Македонија се подготвува за третиот натпревар од Лигата на нации, Б-дивизија во кој на домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Шкотска, натпревар кој е закажан за утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
По двата воведни порази против Швајцарија и Шкотска и шест натпревари во низа без постигнат гол, ја чекаме Шкотска која што исто така се мачи во последно време, посебно во нападот.
Напаѓачот Бојан Миовски вели дека ова е момент во кој треба да покажат заедништво.
“Ова е момент во кој треба да покажеме карактер и заедништво. Сега треба да бидеме тим и тоа да го покажеме на терен. Шкотска е одлична репрезентација и знаеме каде играат нејзините играчи. Не одиграа како што очекував на Светското. Во мала криза се и тие немаат долго дадено гол и се под притисок. Играме дома и се зависи од нас. Ние сме репрезентација каде што колективот треба да биде пред се. Доколку излеземе на терен и бидеме колектив ќе се вратат резултатите. Во фудбалот секогаш имаш нова шанса”, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
