Миовски стрелец во победата на МТК против Борец на тестот во Анталија (ВИДЕО)

Во натпревар кој се играше двапати по 60 минути, мaкедонскиот прволигаш Борец загуби убедливо со 5-1 од унгарски МТК во првиот тест-меч за време на подготовките во Анталија.

На дуелот првиот погодок за Унгарците беше дело на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. За МТК играше и Стефан Спировски, а петтиот погодок го постигна, пак, поранешниот фудбалер на Работнички, Себастијан Херера.

 

Стрелец за Борец беше Ѓоргиев во 57. минута од средбата.

Се вчитува...