Миовски во одлична форма: Гол и асистенција во победата на МТК… (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра во одлична форма низ подготвителниот период за новата сезона во дресот на унгарскиот МТК.

На последниот тест-дуел пред стартот на новата сезона во Унгарија следната недела, МТК славеше со убедливи 3-0 против Мезоковец. Миовски на извонреден начин ја најави победата со погодокот за водство од 1-0…

Во 67. минута повторно гол за МТК благодарение на македонскиот интернационалец. Одлично сам изработи акција сервирајќи топка за гол на Срџан Димитров за 2-0.

До крајот на дуелот МТК заокружи на конечна победа од 3-0.

Бојан Миовски на претходните три пријателски натпревари на МТК запиша четири асистенции од кои две за триумфот над Динамо Москва од 2-0.

Се вчитува...