Прва грен-слем титула зад името на Мира Андреева! Руската тенисерка вечно ќе го памети денешниот ден, откако со победата од 2-0 над Маја Хвалинска, дојде до неверојатен успех.
Андреева освен на почетокот на мечот, откако го фати ритамот, доминираше до крајот, додека нејзината противничка Мира Хвалинска, која сензационално дојде до финалето преку квалификации, немаше сила да и парира.
На почетокот двете тенисерки имаа по два загубени сервиси, а потоа откако Хвалинска поведе со 3-2 на свој, Андреева направи неверојатна низа од 4-0, и така го доби првиот сет.
Во вториот сет немаше дилеми. Андреева поведе со 0-5, во шестиот сет Хвалинска успеа да намали со два добиени гема на 2-5, но потоа Русинката успеа да дојде до нов брејк и да стигне до својот прв грен-слем турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
