Миралем Пјаниќ е позитивен на Covid-19

Миралем Пјаниќ ќе го одложи доаѓањето во Барселона откако беше објавено дека новиот фудбалер на каталонскиот гигант е позитивен на Covid-19.

Босанскиот интернационалец замина на краток одмор по елиминацијата на Јувентус од ЛШ и утре требаше да пристигне во Каталонија, но доаѓањето ќе биде одложено поради неговата здравствена состојба.

„Миралем Пјаниќ беше позитивен на тестот за коронавирус откако почувствувал одредени симптоми. Фудбалерот е во добра здравствена состојба и останува изолиран во својот дом. Од таа причина, Пјаниќ ќе пристигне во Барселона по 15 дена, откако ќе мине времето за изолација“, објави Барселона на официјалната веб-страница.

Се вчитува...