Мирче Калајџиевски е нов ракометар на Пелистер 2

Ракометниот суперлигаш Пелистер 2го донесе петто засилување за новата сезона. Екипата која ја води Михаил Петровски е посилна за Мирче Калајџиевски. Средниот бек на кадетската селекција ќе им се придружи на Маркоски, Трпчевски, Младенов и Хоџиќ.

„Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Нов член на нашиот клуб е кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески. Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.

Се работи за момче со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми. Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим, кој ќе има што да каже во Суперлига. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години со нашиот клуб“, се вели во соопштението на клубот од Битола.

Се вчитува...