Мирчеа Луческу претставен како нов селектор на Турција

Романскиот стратег Мирчеа Луческу е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Турција. Тој ќе го наследи Фатих Терим, кој си замина од кормилото со спогодбен раскин на договорот.

Луческу ќе го доработи тековниот квалификациски циклус за СП 2018 година, како и следниот циклус квалификации за ЕП 2020.

„Му благодариме на Фатих Терим за досегашната соработка, а како негов наследник ви го претставувам Мирчеа Луческу, стратег со завидно педигре, и со долгогодишна работа во турскиот фудбал. Се надеваме дека заедно ќе бележиме многу успеси“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Турција, Јилдирим Демирорен.

Се вчитува...