Мирчевски донесе победа за ТСЦ

Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски, донесе победа на својот тим ТСЦ Бачка Топола во дуелот против ИМТ Белград во првенството на Србија.

Мирчевски влезе од клупата како „џокер“ и со гол во 86. минута го одведе својот тим до триумф за четвртата победа во шампионатот и прво место на табелата после пет кола.

За повремениот репрезентативец ова беше прв гол во новата сезона на Србија.

Се вчитува...