Мирчевски не дозволи пораз на „пандевци“ од Струга ТЛ во Струмица (ВИДЕО)

Академија Пандев и Струга Трим Лум ремизираа (1-1) во последниот натпревар од првото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во натпревар во кој домашните ја имаа иницијативата, сепак Струга Трим Лум поведе по една грешка на одбраната на Академија Пандев преку Емир Скендери уште во 25. минута од натпреварот.

„Пандевци“ заслужено израмнија преку Мартин Мирчевски во 54. минута.

До крајот останаа неискористени уште неколку шанси на составот на Александар Васоски за конечни 1-1.

Се вчитува...