Мирел Радои има два негативни теста: Ќе ги предводи Романците од клупата

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Селекторот Мирел Радои ќе ја предводи романската репрезентација од клупата на денешниот натпревар против Македонија на стартот од квалификациите за СП 2022.

Радои веќе пристигна на националната арена во Букурешт, откако попладнево го добил вториот негативен тест на Ковид-19 по што доби дозвола од УЕФА да биде на теренот на најголемиот романски стадион.

Во почетниот тим на Романците, пак, неколку изненадувања во однос на најавените единаесет. Ќе ги нема Хаџи, Пушкаш и Михаила, но романската репрезентација со офанзивна формација 4-2-3-1 во обид да дојде до триумф против селекцијата на Игор Ангеловски.

Се вчитува...