„Мириса“ на 2018, Наоми Осака доминира на УС Опен

Наоми Осака рутниски за само еден час и 19 минути го мина четвртфиналниот дуел со Шелби Роџерс кој го доби во два сета (6-4,6-3) и обезбеди полуфинална пресметка со Џенифер Брејди и е најдобар пат да ја повтори историската 2018 кога го освои деби-трофејот на УС Опен.

Пред две години, Осака која во моментов е деветта тенисерка во светот во финалето ја победи Серена Вилијамс, Американката денеска ќе се бори за место во најдобрите четири за потенцијално полуфинале.

Се би можело да биде исто како и во 2018 бидејќи според ждрепката овие две тенисерки бе се пресметале во битката за титулата. Серена треба прво да ја мине Цветана Пиронкова. Во последното четвртфинале се соочуваат, Викотрија Азаренка и Елиз Мертенс.

 

Се вчитува...