Еден од најдобрите македонски дефанзивци, Мирко Ивановски и дефинитивно ова лето го напушта хрватскиот прволигаш Славен Белупо.
Како што пренесува руски „Спорт Експрес“, по одличната сезона во Хрватска, Ивановски е пред потпис со рускиот прволигаш Динамо Москва.
Но, покрај Динимо, дел од шпекулациите говорат дека интерес за услугите на Ивановски има и од тим од Холандија. Па, согласно финансиската понуда на крајот и ќе се пресуди околу реализацијата на идниот трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА