Мирко Лазарески не ја заврши велеслаломската трка на СП во алпско скијање

Единствениот македонски скијач кој успеа да ги помине квалификациите Мирко Лазарески не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во француските Куршевел и Мерибел.

Лазарески на самиот старт на трката направи минимална грешка поради која мораше да се откаже. По првата трка лидер е Австриецот Марко Шварц пред Швајцарецот Марко Одермат и Словенецот Жан Крањец.

Преостанатите македонски алпски скијачи Јаков Добрески, Борјан Стрезоски и Виктор Петков не ги поминаа вчерашните квалификации. На светскиот шампионат покрај велеслаломската машка трка, на програмата остануваат уште слалом трките во двете конкуренции.

Се вчитува...