Мирко Лазаревски на 41.место во велеслалом на младинските Олимписки игри

Македонскиот скијач Мирко Лазаревски го освои 41.место во велеслалом на младинските Олимписки игри во Лозана. Тој оствари време од 2:24.36 минути, што на крајот беше доволно да се најде на средина од вкупниот број натпреварувачи (80) во велеслаломската трка.

Утре Мирко Лазаревски под водство на тренерот Антонио Ристевски ќер настапи и во неговата најсилна дисциплина слалом. Стартот е закажан за 11 часот.

Се вчитува...