Миркуловски: „Мечевите Вардар – Металург беа под невиден набој… Такво нешто не се доживува ниту во Бундеслигата…!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, разговор и со легендата на македонскиот ракомет, Филип Миркуловски.

По извонредните денови од најраната своја младост во Металург, потоа следеше богата кариера во Германија, каде и работеше по завршувањето на играчката кариера и како дел од стручниот штаб на Вецлар.

Сепак, Филип Миркуловски вели дека за него нешто незаборавно, кое еднаш се доживува се натпреварите меѓу Металург – Вардар, набој и ривалитет на теренот којне го доживеал ниту во репрезентативниот дрес, ниту играјќи во Бундеслигата.

„Кога ќе се сетам на ривалитетот Вардар – Металург. Тие натпревари со Вардар беа посебни . Таков притисок, таков набој, немам почувствувано ни на еден натпревар во мојата кариера освен со Вардар. Ниту за репрезентација, ниту во Бундеслигата. Беа посебни натпревари, знам, две-три недели пред дербито, имаше таков набој на тренинг што секој тренинг скоро беше до кавга меѓу играчи, играчи и тренер со Лино Червар. Тоа навистина беше еден притисок што тешко кој спортист би можел да го издржи и треба да го доживее, бидејќи тоа е едно искуство што не се стекнува“ – вели Миркуловски.

======================================================
ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...