Миркуловски: Против Шпанија можеби, но со Исланд ќе играм 100%

mec baner

Филип Миркуловски ги надмина проблемите со повредата на грбот здобиена при незгодниот пад на самиот почеток од синоќешниот дуел со Словенија. Искусниот бек денеска тренираше со остатокот од екипата и наскоро ќе се врати на терените.

Како што реков и по мечот, стануваше збор за незгоден пад. Денеска се чувствувам многу подобро, прегледите покажаа дека не станува збор за ништо сериозно. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играм утре против Шпанија, но 100% ќе бидам во тимот против Исланд. Тоа е најважниот меч за нас, дуел што може да ни го донесе третото место на табелата и избегнување на Франција. Во спортот не се прават калкулации, ние ќе сториме се и против Шпанците, но јасно е дека приоритет ќе ни биде пресметката со Исланѓаните“ – изјави Миркуловски.

Се вчитува...