Миркуловски загуби со звукот на сирената од „лавовите“ на Талески

Филип Талески со Рајн-Некар Левен стигна до значајна победа во рамките од шестото коло во Бундес-лигата, во кое „лавовите“ им гостуваа на ракометарите на Вецлар, тим чиј капитен е Филип Миркуловски. Мечот беше максимално израмнет во текот на 60-те минути, а на крајот гостите од Манхајм славеа со минимални 25-26 благодарение на погодокот што Фет го постигна буквално со звукот на сирената.

Голманот Мариновиќ беше херојот на Вецлар во самиот финиш, бранејќи неколку удари на шампионот и не дозволувајќи му на Рајн-Некар Левен да се одлепи кога нападот на домаќините не функционираше најдобро. Миркуловски асистираше до Херман за голот за израмнување на 25-25 на триесетина секунди до крајот, пред Фет да го постигна погодокот за победа на актуелниот првак на Германија.

Се вчитува...