Миротиќ во Барселона за 70 милиони евра

Никла Миротиќ ја напушта НБА и се враќа во Европа и тоа во Барселона со која според повеќе извори ќе потпише повеќегодишен договор. Се очекува Миротиќ и каталонскиот клуб да се обврзат на четири години за кои крилниот центар ќе добие вкупно 70 милиони евра. Миротиќ е слободен агент.

Тој во НБА беше дел од Чикаго, а минатото лето беше дел од размена во последен момент, пред крајот на преодниот рок, „Булс“ го испратија во Њу Орлеанс, од каде беше испратен во Милвоки.

Во финалистот на Источната конференција не доби многу шанса, имаше и повреда на прстот поради која одигра само 15 натпревари во регуларниот дел. И во плеј-офот немаше голема минутажа. Пред заминувањето во САД, Миротиќ беше ѕвезда на Реал Мадрид.

Се вчитува...