Мисија Португалија: Иџе атакува на нова победа

По историската победа во Германија на патеката Нирбургринг, Игор Стефановски Иџе е подготвен за новиот предизвик во ЕТЦЦ шампионатот, двете трки што викендов ќе се возат во Португалија.„Во тимот владее одлична атмосфера. Се е подготвено за трките на кои очекуваме добри резултати. Оваа трка е многу важна за нас. Ќе се обидам да дојдам до победа“ – амбициозно изјавува Стефановски во пресрет на новиот предизвик.Квалификациите ќе бидат на програмата утре со почеток во 18 часот по португалско време, а трките ќе се возат в недела во 11.45, односно во 13 часот.Иџе има вкупно 33 бода, со што се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Повеќе од него имаат само Фулин, кој е прв со 43 и Шрејбер со 44 поени на втората позиција.До крајот на шампионатот остануваат, покрај претстојната трка во Португалија, трките во Хаселт во Белгија од 15 до 17 септември и последната во Мост во Чешка од 6 до 8 октомври.

Се вчитува...