Мислав Оршиќ се сели во Турција

Мислав Оршиќ по само шест месеци заминува од Саутемптон и кариерата ќе ја продолжи во Турција каде ќе настапува за Трабзон заедно со македонскиот репрезентативец Енис Барди, пренесуваат англиските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец не доби вистинска шанса за докажување во Премиерлигата, настапи само шест минути во елитниот англиски фудбал, а по отпаѓањето на Саутемптон во Чемпионшип напаѓачот одлучи да ја промени средината.

Постоеше опција и за камбек во редовите на Динамо Загреб, но пресуди понудата од четири милиони евра која може дополнително да се зголеми со бонуси.

Се вчитува...