Канадскиот тенисер Милош Раонич потврди дека имал покана од Новак Ѓоковиќ да биде дел од „Адриа тур“. Двајцата требале да одиграат меѓусебен натпревар во Црна Гора, земјата од која потекнува Раонич, но по долго мислење тој не ја прифатил поканата. Тој исто така вели дека по „Адриа тур“ ставот на Новак околу одржувањето на УС опен веќе нема тежина.
„Знам дека Новак беше еден од тие кои беа против одржување на УС опен под овие услови. По се што се случи неговиот став околу таа тема веќе нема тежина. Некоректни се коментарите на неговиот татко дека Димитров ги заразил сите. Можеби Новак се зарази на кошаркарскиот натпревар на кој беше заедно со Јокиќ“, изјави Раонич.
„Адриа тур“ донесе голем дел позитивни случаи, а како најзвучни имиња покрај Ѓоковиќ и Димитров позитивни се и Борна Чориќ, Виктор Троицки и Горан Иванишевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА