Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски ја запиша првата чиста мрежа во првиот натпревар сезонава на неговата Валенсија во Ла лига откако синоќа на домашен терен ремизираше без голови 0-0 против Селта Виго.
Двете екипи одиграа еден тврд и израмнет натпревар без многу шанси, а и тоа малку што го имаа гостите, нашиот голман беше сигурен на голот. Токму една одбрана се најде на радарот на „админите“ на социјалните мрежи на Ла лига, кои што на прекрасен начин ја одбележаа оваа бравурозна одбрана на кумановецот.
⛔ A mano cambiada.
¡Paradón de @Dimitrievski1 en el ValenciaCelta!
LALIGAHighlights | VUELVELALIGA pic.twitter.com/tjJOtyPYsN
— LALIGA (@LaLiga) August 22, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
