Гостивар стигна до четвртата победа во низа во Првата кошаркарска лига откако во 14. коло го совлада МЗТ Скопје 2 со 106-85 на домашен терен. Избраниците на Јончевски немаа големи маки со „штркчињата“, а еден од најзаслужните за тоа беше Виктор Ефремовски кој имаше одличен шутерски ден.
Бекот за 29 минути поминати на теренот забележа 26 поени со реализација 9/13 од поле со тоа што за два поени промаши само еден обид од шест, додека за три поени реализираше четири од седум обиди. Згора на тоа додаде и 4 скока.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА