Мистериозното писмо за Чиро Блажевиќ кое не стигна да го прочита

Легендарниот фудбалски тренер и поранешен селектор на репрезентациите на Хрватска и Босна и Херцеговина, Чиро Блажевиќ почина на 87-годишна возраст по долга борба со ракот. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот пат, за жал, не успеа. За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден.

По смртта на Мирослав Чиро Блажевиќ,  запалија лампион во oмиленото кафуле на легендарниот тренер „Чарли“. Атмосферата е тажна, последниве 15 години „тренерот на сите тренери“ речиси секој ден седеше таму и разговараше, правеше шеги во добро расположение. Таму и денеска го чека неговата карактеристична нарачка која сега ќе ја пие на некое друго место. А покрај кафе и цедевита, во „Чарли“ го чекаше и мистериозно писмо.

Писмо кое ќе го прочита неговото семејство, а таму пред извесно време го оставила жена која на свој начин му пратила порака на Чиро. Бидејќи не можел да дојде во „Чарли“ од декември, писмото останало таму…

Се вчитува...