Митјиланд пред Вардар се мотивира со успехот на Скјерн

Во пресрет на четвртфиналниот дуел со Вардар, во тимот на Митјиланд се надеваат дека може да бидат „женски Скјерн“ во Лигата на шампионите и да приредат уште една данска сензација во европската ракометна елита. Вардарки утре му гостуваат на Митјиланд, во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Како актуелни европски вицешампионки, ја имаат улогата на голем фаворит во овој дуел кој носи виза за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

„ Резултатот на Скјерн ја зголеми нашата мотивација во пресрет на четвртфиналето. Она што го постигна Скјерн ни покажа се е возможно, ако верувате во себе“ – вели десниот бек на Митјиланд, Луис Бургард,

Во последната проверка пред дуелот со Вардар, ракометарките на Митјиланд во данскиот шампионат загубија од Одензе, но тоа не ги намалува надежите.

Тоа е сосема друга димензија. За нас ќе биде пред се забавно. Задоволни сме што втора година по ред играме четвртфинале во Лигата на шампионите. Тоа е големо постигнување. Ние сме на еден чекор до Ф4 и се додека не се исклучат светлата, постои надеж и ние ќе се бориме“ – вели тренерот на Митјиланд, Кристијан Кристенсен.

Вардар и Митјиланд играа меѓусебе и во ланското четвртфинале во ЛШ во кое вардарки два пати беа поуспешни со по два гола разлика, 28-26 во Икаст и 26-24 во Скопје.

Се вчитува...