Митов-Нилсон се врати на терените: Прв меч по една година

Македонскиот репрезентативен голман Давид Митов-Нилсон немаше среќа со повредите изминативе две години. По две врзани повреди, Митов-Нилсон ја пропушти речиси цела 2017 година поради хируршка интервенција на ногата, за да на почетокот од оваа година заработи и двојна фрактура на раката.

Па по дополнителните пет месеци пауза од јануари оваа година, македонскиот голман конечно се врати на терените вчера одигрувајќи го и првиот тест натпревар во дресот на Норчепинг по подолгата пауза.

Давид Митов-Нилсон се очекува да биде и еден од тројцата голмани, покрај Столе Димитриовски и Дени Илиев, и на списокот на македонскиот селектор Игор Ангеловски за настапите на националниот тим во Лигата на нациите од септември.

Се вчитува...