Митрашиновиќ убедливо до МВП-признанието во финалната серија (ФОТО)

Немаше многу дилеми околу изборот на најкорисниот играч на финалната серија во македонската женска кошарка.

Анџелика Митрашиновиќ е носителот на драгоценото МВП признание за најдобра во оваа последна фаза. Беше вистински лидер на тимот на Баскет Кам не само на овие четири меча од големото финале, во кое патем кажано, собра 29 индексни поени. Беше на чекор до троен ефект. На 24 поени (20 во првото полувреме), придодаде и 10 асистенции и девет скока.

Апсолутна доминација на теренот наградена со МВП трофејот кој го додели спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски.

Се вчитува...