Митревски блесна и доби место во Топ 5 листата во ЛШ (видео)

Никола Митревски со извонредно издание на голот го предводеше Порто до премиерната победа во новата сезона од Лигата на Шампионите.

Македонскиот голман собра 13 интервенции на дуелот со Динамо Букурешт, а со најатрактивната од нив успеа да се најде и на Топ 5 листата од најдобри голмански одбрани во изминатото коло во ЛШ. Митревски го освои петтото место на оваа ранг-листа, на која уште се најдоа и Паличка, Волф, Мрква и Јастржебски.

Одбраната на Митревски, заедно со останатите четири од оваа Топ 5 листа можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...