Митревски блесна и донесе дерби-победа на Порто

Порто славеше во големото португалско дерби против Бенфика, на гостински терен со 28-29, меч на кој повторно во одлично издание се покажа Никола Митревски.

Македонскиот репрезентативен голман одигра клучна улога при камбекот на неговиот тим во првото полувреме, а потоа одбрани и неколку важни топки во завршницата, помагајќи Порто да стигне до цел плен на ова тешко гостување и да остане во трка за титулата, во која сега заостанува само еден бод зад лидерот Спортинг Лисабон.

Иако не го бранеше целиот меч, Митревски го заврши натпреварот со девет интервенции, со што даде значаен придонес во овој голем триумф на неговиот тим.

Се вчитува...