Митревски доби нов тренер во Порто

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски доби нов тренер во португалскиот Порто.

Раководството на португалскиот тим информираше денеска дека е раскинат договорот со Магнус Андерсон кој е во клуботод 2018 година, а нов тренер ќе биде Карлос Ресенде.

Ресенде, всушност, повторно се враќа во Порто кој водеше од 2006 до 2009 година. Изминативе години, пак, беше тренер на Брага и Бенфика.

Митревски со Порто и следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампиони, во групата Б против Висла, Веспрем, Барса, Целје, Монпелје, ГОГ и Магдебург.

Се вчитува...