Митревски: Големите натпреварувања кои се зад нас ни даваат за право да се надеваме на позитивен резултат

Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за утрешниот дуел против Словачка на гостински терен во баражот за пласман на Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Најискусниот во нашата репрезентација, голманот Никола Митревски ги сподели своите очекувања за утрешниот натпревар.

„Голема непознаница за нас бидејќи никогаш не сме играле против нив. Очекувам тежок и неизвесен натпревар. Се подготвивме добро и очекувам добар меч. Големите натпреварувања кои се зад нас ни даваат за право да се надеваме на позитивен резултат против Словачка. Ништо нема да биде решено тука, бидејќи овој меч е само едно полувреме“, изјави Митревски. 

Натпреварот меѓу Словачка и Македонија е закажан за утре со почеток во 19 часот.

Се вчитува...