Митревски и Порто ја решија и Брага

По поразот од Монпелје и елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите, Никола Митревски и неговиот Порто им се вратија на победите во ракометниот шампионат на Португалија.

Вечерва за противник ја имаа Брага која ја совладаа со 37-29. Веројатно заморот од мечот против Монпелје си го направи своето, па за разлика од претходните мечеви, овој пат Порто победи само со едноцифрена разлика 37-29.

Порто до крајот ги очекува голема борба за титулата во Португалија со лисабонските ривали Спортинг и Бенфика.

 

 

Се вчитува...