Митревски и Порто немоќни пред Магдебург, Висла Плок го шокираше Веспрем

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот Порто немаа моќ за изненадување против Магдебург во 10. коло од Групата Б во Лигата на шампионите. Порто пред своите навивачи загуби убедливо со 31-40.

Митревски мечот го заврши со седум одбрани од 30 шут и 23,3% на успешност. Најефикасен во победата на гостите беше Магнусон со осум постигнат гола.

Барселона без никакви проблеми славеше против Целје со 39-30, а Висла Плок, пак, запиша изненадувачка победа над фаворитот Веспрем од 37-30.

Се вчитува...