Митревски откажа поради повреда, Кизиќ доби повик

Иако пристигна денеска на прозивката, голманот Никола Митревски нема да биде во комбинација за Македонија за натпреварите против Јапонија. Причината е повреда, која голманот ја пријавил кај селекторот Лазаров.

Лазаров веднаш реагираше, и го повика на негово место Марко Кизиќ кој ќе се приклучи на националниот тим.

Покрај Кизиќ, за голманската позиција конкурираат Мартин Томовски и Иван Галевски.

Двомечот со Јапонија ќе се игра во Скопје и Куманово. Вториот дуел ќе биде отворен за јавноста, додека првиот ќе се игра зад затворени врати.

Се вчитува...