Македонија ги дозна противниците за првата групна фаза од ЕП 2026, во јануари во Хернинг нашите најдобри ракометари ќе излезат на мегдан со домаќинот Данска, како и со селекциите на Португалија и на Романија.
Факт е дека Данците се апсолутни фаворити не само во оваа група, туку и севкупно за златото на шампионатот, но нашите ракометари сепак веруваат дека можат да се прикажат во добро светло на овој шампионат. Најискусниот во нашите редови, голманот Никола Митревски, верува дека „црвено-жолтите“ како и овој јануари во Вараждин, Македонија повторно ќе има што да каже на мечевите на кој ќе ја немаме фаворитската улога.
„На европските првенства нема лесни групи и лесни противници. Паднавме во групата со две од четирите репрезентации кои играа полуфинале на овогодинешното светско првенство, Данска, која повторно ќе е главен фаворит за златниот медал, Португалија која ќе сака да направи уште еден чекор напред и репрезентацијата на Романија која доаѓа од четвртиот шешир, но е доста незгодна. Ќе играме со сите, ќе се обидеме да направиме што подобар резултат, иако не сме фаворити за првите две места, сепак сме покажале дека можеме да играме и да победуваме со било кој и треба да целиме на пласман во следната рунда“, истакнува Никола Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА