Митревски сигурен, Констанца во предност  во ЕХФ Купот

Македонските репрезентативци, Никола Митревски и Велко Маркоски имаа забележителна улога во победата на Констанца против Талент 90 Плзен со 28-21 во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Купот.

Романскиот тим кој од клупата го предводи Звонко Шундовски и двата натпревари со чешкиот претставник ги игра на домашен терен и пред денешниот реванш влегува со значајна предност која му го отвора патот за пласман во следната рунда и за влез во групната фаза во ЕХФ Купот.

Констанца до триумфот стигна со многу посигурна игра во второто полувреме во кое Митревски собра 11 одбрани. Стандардно, значајна во одбраната на Констаца одигра Велко Маркоски.

Се вчитува...